Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајка на патот Кичево-Охрид повредени три лица

Mkd 203455 63700 406206.jpg

На 14.05.2024 во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на с.Подвис, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ѓ.(21) од Кичево и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од Ч.К.(48) од Република Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.К.(45) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Можете да прочитате

Филозофски факултет Скопје прва високообразовна установа во Македонија што воспостави сопствен AI екосистем со сопствена AI инфраструктура

Филипче: СДСМ нема да биде контролирана опозиција

Македонија со нов договор со САД: Поголем извоз, нови инвестиции и економска соработка