Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајка кај Виница загина 65-годишен маж, а три лица се повредени

Soobrakajka.webp.webp

На 16.03.2026 околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран” со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда” со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.


Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда” Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип, констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул