Утрински Весник
Македонија

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата – 15 Септември

1707472126 unnamed file.webp.webp

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата – 15 Септември.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на отварање на настанот во присуство на деца и младинци од основни и средни училишта поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Парламентот Африм Гаши, швајцарската амбасадорка Вероник Улман, генералната секретарка на Собрание Марина Димовска, како и вишиот резидентен директор на НДИ, Роберт Скот Хејзлет.

Според агендата ќе биде изведен перформанс – пантомима, фотографирање со пратеници и пратенички покрај картолините од стрипот „Како Риса го запозна Собранието“ и изведувачите, запознавање со работните тела на Собранието и организирана обиколка на зградата на Собранието.

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија