Утрински Весник
Македонија

Во Скопје, Штип и Битола се вози брзо, невнимателно, без возачка: контролите на полицајците донесоа стотина казни за возачи

Во Скопје, Штип и Битола се вози брзо, невнимателно, без возачка: контролите на полицајците донесоа стотина казни за возачи

Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден правеше контроли во сообраќајот. Од три градови, во Скопје се изречени најмногу казни, за најразлични прекршоци. Во Битола, најмногу казни има за брзо возење. Во Штип, изречени се најмалку казни.

dobivaj vesti na viber

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила“, велат од МВР.

На територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 76 возачи.

„Од вкупно 76 возачи ,54 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.

Контрола имало и во Штип.

„За време на контролата биле констатирани 46 прекршоци, од кои 34 надвор од населено место и 12 во населено место. Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 4 за некористење сигурносен појас и 3 за непрописно паркирање“, посочуваат од МВР.

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Врне снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот

Македонија со најниска просечна плата во регионот