Утрински Весник
Македонија

Во Скопје се поставуваат ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм во близина на училишта, градинки, булевари…

Image 202557.jpg

Безбедноста во сообраќајот за сите учесници е еден од приоритетите на градот Скопје. Како дел од од инфраструктурните проекти кои се реализираат во градот од програмата “За Модерно Скопје”, продолжуваме со проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на бул. Босна и Херцеговина, откако претходно отпочнавме со поставување на три локации меѓу кои и бул. Партизански Одреди кај Палма и на улицата Јордан Мијалков, со што истите се поставени на вкупно 10 локации во изминатата година.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%.

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Можете да прочитате

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион