Утрински Весник
Скопје

Во Скопје од денеска стапува во сила забраната за фрлање смет од 22:00 до 06:00 часот

20251117080759 big 730x400 46.webp.webp

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22:00 до 06:00 часот. 

Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад.  


Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари, кои ќе патолираат низ скопските улици, прво со опомени, па казни за фрлање ѓубре. 

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека мерката е пред се насочена кон правните субјекти кои, како што тврдат, најчесто го одлагаат отпадот непрописно и во доцните часови.

Град Скопје има вкупно 40 иснпектори, 11 комунални инспектори и 10 комунални редари. Прекршоците ќе се констатираат на лице место, а доколку наидат на веќе исфрлен отпад од поголеми размери кој ќе биде од поинаков вид од вообичаениот на домаќинствата, ќе се прави подетална контрола на правните лица. 

Можете да прочитате

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот – Ново Лисиче со најголем индекс на загаденост

Утре стапува на сила одлуката за забрана за фрлање на комунален отпад после 22 часот