Утрински Весник
Македонија

Во штипскиот дел на Серта активни две жаришта

Pozhar 3.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Не стивнуваат пожарите на планината Серта во штипскиот регион. Денеска активни се жариштата над штипското село Пухче и во околината на приватното ловиште.

Во изјава за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочува дека на терен од рано утринава на овие две жаришта интервенираат пожарникарите од Штип, но и од неколку соседни општини, Армијата, полицијата и ЈП „Македонски шуми“. Вклучени се и ловџиите, како и здруженијата и оф роуд друштвата, а месното население како логистичка поддршка.

Во текот на вчерашниот ден со помош на градежна механизација на штипските јавни претпријатија и на четири градежни компанија, над селата направени се пресеци, со цел огнот да не се префрли во нивни правец.

Професионалците со заштитни униформи и опрема за гаснење, која тежи и 30 килограми на повеќе од 40 степени од земја се справуваат со огнените стихии. Во штипскиот дел на планината Серта со денови беснеат пожари, оставајќи зад себе пустош.

Можете да прочитате

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер

ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ