Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

562058516 1428189269314536 7648590474493906584 n.jpg
Img 7972

Во Штип вечерва свечено беше отворен новиот Дино парк, кој веднаш стана омилено место за децата и љубопитните истражувачи. Сместен во Бриони, во непосредна близина на ЗОО паркот, овој тематски парк нуди уникатно доживување на праисторискиот свет.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи напиша дека магијата на праисторискиот свет, пренесена во познатата шума во Бриони, веќе е отворена за сите деца, семејства, ученици, туристи и љубопитни истражувачи, кои ќе научат нешто ново на забавен начин.


-Т-Рекс, Брахиосаурус, Стегосаурус, Птеранодонот и многу други реплики на најпознатите диносауруси, ги поздравија децата со нивната исклучителна големина и реални животински крици, вели Јорданов.

Тој вели дека овој парк треба да биде симбол на љубопитноста, радоста и имагинацијата на најмладите.


Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид