Утрински Весник
Свет

Во Шпанија убиен руски пилот кој пребегна во Украина

Aaa 11.webp.webp

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека Максим Кузминов, руски пилот на хеликоптер кој пребегна во Украина, е убиен денеска во Шпанија, јави „Украинска Правда“.

Тој бил застрелан со огнено оружје. Весникот „Киев Индипендент“ пренесе дека Кузминов се најде на насловните страници во украинските медиуми откако приземји недопрен хеликоптер Ми-8 во Украина и им се предаде на властите. Андриј Јусов, портпарол на воената разузнавачка служба на Украина, подоцна изјави дека Кузминов подоцна добил исплата од 500.000 долари како награда за бегството со хеликоптер.

Тој рече дека самиот контактирал со украинската страна и оти му било кажано дека ќе добие безбедносни гаранции за него, неговото семејство, дека ќе добие пари и нови документи од Украина доколку пребегне. Кузминов рече дека неговите родители ги одобриле неговите планови да пребега и му се придружиле во Украина.

Повикувајќи се на извори од украинската воена разузнавачка служба, „Украинска правда“ наведува дека Кузминов решил да се пресели во Шпанија, но таму бил пронајден мртов во стан. Во близина е пронајден запален автомобил, за кој се верува дека го користел убиениот. Јусов ја потврди својата смрт за неколку украински медиуми, но не соопшти повеќе детали.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд