Утрински Весник
Балкан

Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија

1714986631 04 900x506 1.jpg

Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.

Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.

Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.

Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.

Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.

Можете да прочитате

Фрлена рачна бомба врз зградата на општината во Звечан во северно Косово

Четири деца се пронајдени без свест во спалните соби, едното починало од труење со гас: трагедија во Грција

Хрватска: Недостапни се веб-страниците на Владата и министерствата и полициските сектори