Утрински Весник
Свет

Во Сеул започнува трилатерален самит на Јужна Кореја, Кина и Јапонија, прв од 2019 година

55525eb6eb82adc51a98de4dae4ad4eb.jpg

Претседателот на Јужна Кореја и премиерите на Кина и Јапонија, Џун Сок-Јол, Ли Кианг и Фумио Кишида денеска ќе се сретнат во Сеул на дводневен самит за да го продолжат трилатералниот дијалог за прв пат од 2019 година.

Како што јави агенцијата Јонхап, Џун подоцна во текот на денот во претседателската палата ќе има билатерални разговори со кинескиот и јапонскиот премиер, каде во понеделник ќе се одржи и трилатерална средба на лидерите.

Ова е прв ваков самит меѓу Јужна Кореја, Јапонија и Кина од декември 2019 година, по пауза поради пандемијата „Ковид-19“ и затегнатите односи меѓу Сеул и Токио поради историски спорови.

За време на билатералната средба со Ли, кој ја прави својата прва посета на Јужна Кореја по преземањето на функцијата во март 2023 година, Џун се очекува да разговара за начините за подобрување на стратешката комуникација и проширување на економската соработка и трговија, како и безбедносни прашања.

Кишида и Џун ќе разменат мислења за начините за продлабочување на практичната соработка на различни полиња и зајакнување на трилатералната соработка со САД за одвраќање на заканите на Северна Кореја, според Јонхап, пренесе Танјуг.

Во понеделник тројцата лидери ќе разговараат за соработката во шест области – економија и трговија, одржлив развој, здравствени прашања, наука и технологија, управување со катастрофи и безбедност и културна размена. Планирано е и усвојување на заедничка изјава, наведува јужнокорејската агенција.

Можете да прочитате

Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства

Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

Мисајловски и Лафчиски на средба со шефот на Бирото за Националната Гарда на САД, Џонатан Стабс