Утрински Весник
Македонија

Во Сабота од пред Владата граѓански марш поради загадениот воздух

Img 7330.jpeg

Граѓанска иницијатива Стоп за усје најави марш што ќе се одржи оваа сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како реакција на, како што наведуваат, долготрајниот молк на институциите и избегнувањето одговорност во однос на загадувањето на воздухот.

Маршот ќе започне пред зградата на Владата, по што учесниците ќе се движат кон Собранието и Министерството за животна средина. Организаторите велат дека целта на протестот е да се побара право на чист воздух и конечно преземање конкретни мерки од надлежните институции.

Според најавата, фокусот на маршот е ставен на загадувањето од индустриски капацитети, при што се посочува дека економскиот профит не смее да биде поважен од здравјето и животот на граѓаните. Како еден од симболите на протестот се споменува и загадувањето поврзано со работењето на УСЈЕ, за кое граѓаните бараат одговорност и построга контрола.

„Излегуваме на улица затоа што здравјето на луѓето е поважно од било каков интерес“, порачуваат организаторите, повикувајќи ги граѓаните масовно да се приклучат на маршот.

Маршот е најавен како мирен протест, а од организаторите апелираат до институциите да ја слушнат пораката на граѓаните и да започнат со итни и конкретни активности за намалување на загадувањето и заштита на јавното здравје.

Можете да прочитате

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

Истраги за илегална препродажба на марихуана и хашиш во валандовско

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител