Утрински Весник
Свет

Во руски напад на Дњепар оштетена термоцентрала

20240213073138 big 730x400 59.webp.webp

Во ноќешниот напад на руските сили со ракети и дронови врз градот Дњепар, во централна Украина, оштетена е термоцентрала, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти.

Нападот на градот со нешто помалку од милион жители е извршен со проектил и четири групи беспилотни летала од повеќе правци, се наведува во објавата на Телеграм од Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

Најголемиот приватен украински енергетски дистрибутер ДТЕК соопшти дека термоцентралата е значително оштетена и дека во нападот нема жртви.

Надлежните изјавија дека „поради прекин на струја“ делумно е прекинато водоснабдувањето.

Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, изјави дека е погодена инфраструктурата, но не даде повеќе детали.

Украинската армија соопшти дека над регионите Дњепропетровск, Запорожје и Херсон биле уништени руски беспилотни летала „Шахед-136/131“, од 23 ударни беспилотни летала, со кои руските сили го извршиле нападот ноќеска.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови