Утрински Весник
Македонија

Во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се и компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат

Img D294f7aaab4a85f643a7cdd0aaa7dfc6 V.jpg

ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.

„По интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот.


Исто така во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат, како навремено би се справиле со снежните наноси.

Повторно апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Информираме дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови и затоа препораките се да се следи временската состојба посебно оние граѓани кои планираат да патуваат за навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на патиштата.

Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502“, се наведува во соопштението на Министерството.

Можете да прочитате

Целосно е исчистен превојот Стража

До крајот на денот облачно и студено време со повремени снежни врнежи, се очекува појава на голомразица

Насекаде имаме температури под нулата, засега, 30 сантиметри снег во Штип, Скоро 70 сантиметри снег на Попова Шапка