
Демант – Објава на социјалните мрежи на Горан Велковски:
Не се тренираа магариња, проектите ги доби и реализира училиштето СОЗШУ “Ѓорче Петров” Кавадарци кои опфатија обука и практична настава за 70 ученици со професори во земји членки на ЕУ заедно со други училишта и институции…
Демант:
Почитувани,
Во врска со дезинформациите што се појавија во некои медиуми и на социјалните мрежи, должни сме да Ви дадеме објаснување во врска со проектот, за кој аплициравме и добивме одобрување, во рамките на Erasmus+ програмата.
Појаснување за проектот:
Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, во рамки на Еразмус+ програмата, го одобри за финансирање проектот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“кој вклучува практична обука на 35 ученици и 5 наставници, во времетраење од две недели во Иваниќ град, Република Хрватска.
СОЗШУ „Ѓорче Петров“ поседува винарска визба, шуми и полиња на кои се одгледуваат различни култури и реализира голем дел од практичната обука на сопствениот имот. Но, училиштето нема фарма за животни каде може да ги реализира практичните часови за сточарство. Затоа, училиштето во рамките на долгорочната стратегија за интернационализација на образованието, предложи проект кој вклучува обука за копитари, пред се за коњи и магариња.
Целта на овој проект е учениците да се стекнат со вештини (вклучително и претприемачки вештини), со кои ќе бидат подобро подготвени за професионалниот свет и со тоа ќе се подобри нивната вработливост по завршување на средното образование. Проектот, меѓу останатото е дизајниран и да ги воведе и мотивира учениците да започнат сопствен бизнис.
Обуката за копитари се спроведе на фарми за магариња и коњи лоцирани во Иваниќ Град, Хрватска и ќе биде структурирана во 4 модули:
Модул 1: Вовед во грижа за магаре и коњ.
Модул 2: Вовед во здравствена заштита на магаре и коњ.
Модул 3: Запознавање со локалните раси на магариња (приморско – динарско магаре, хрватски посавац) и прочуената раса на коњи – липицанер.
Модул 4: Вовед во производство и преработка на млеко од магаре.
Со учество на овој проект, учениците ќе го подобрат своето знаење за копитари и ќе се стекнат се следниве вештини и компетенции:
• ќе стекнат теоретско и практично знаење за основање на фарма за магариња и коњи;
• ќе научат како правилно се хранат магарето и коњот, времето на хранење, начинот на подготвување храна и др.;
• ќе знаат да го проверат здравиот статус на магарето и коњот и доколку има потреба да побараат ветеринарна интервенција;
• ќе научат кога е соодветно време за молзење, начинот на молзење и собирање магарешко млеко;
• ќе научат како се пакува и чува магарешкото млеко.
Соопштение до јавноста за проектот со краток назив,,Избери сирење ,, ( теоретска и практична обука за ученици и наставници од сите партнерски организации (апликанти) за производство повеќе видови на сирење)).
Почитувани,
Согласно наставните програми од земјоделско-ветеринарната струка СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци реализира дел по практичната настава за фармерско производство за ученицитеза производство на млеко и млечни производи (сирење). Тоа е дополнителен мотив училиштето да развие претприемачки идеи за производство на сирење, да го поттикне локално производство кое треба да ги задоволи и потребите на бизнисот.
Со концепцијата на ЕУ преку програмата на ЕРАСМУС+ се овозможува на стручните училишта да спроведуваат мобилност (теоретска и практична обука на ученици и наставници за стекнување на нови европски знаења и вештини во партнерски организации претходно одобрени од ЕУ преку програмата Ерасмус+).
Во аплицираниот проект освен СОЗШУ „Ѓорче Петров“ вклучени се и партнери и тоа: Средното земјоделско училиште од Крижевци, Хрватска, СОУ Браќа Миладиновци од Скопје, Ветеринарната станица „Здравје“ од Делчево и Гастрономскиот клуб на Епир од Грција.
Со проектот се планирани 3 циклуси на теоретски и практични обуки за вкупно 76 ученици и наставници.
1. На првата 6 дневна обука за здравјето и исхраната на домашните животни која ќе се одржи во Македонија ќе бидат присутни вкупно 15 ученици и 12 наставници од сите партнерски организации вклучени во проектот
– 5 ученици и 3 наставници од СОЗШУ „Ѓорче Петров“
– 5 ученици и 3 наставници од СОУ „Браќа Миладиновци“
– 5 ученици и 3 наставници од Средното земјоделско училиште од Крижевци
– 3 обучувачи од Гастрономскиот клуб на Епир.
2. Втората обука за производство на кравјо млеко и сирење исто така во времетраење од 6 дена ќе се одржи во Средното земјоделско училиште во Крижевци. Училиштето има фарма за крави и произведува кравјо млеко и сирење. Училиштето поседува и лиценца за производство на познатото холандско сирење – гауда. На обуката во Хрватска ќе бидат присутни вкупно 22 лица
– 5 ученици и 3 наставници од СОЗШУ „Ѓорче Петров“
– 5 ученици и 3 наставници од СОУ „Браќа Миладиновци“
– 3 обучувачи од Ветеринарната станица „Здравје“
– 3 обучувачи од Гастрономскиот клуб на Епир.
3. Третата обука ќе се одржи во Грција во времетраење од 8 дена и ќе покрие неколку теми: производство на овчко и козјо млеко и сирење, како да се готви и сервира сирење и како да се започне бизнис за производство на сирење кое освен што е прехранбен производ може да биде и туристички производ. Обуката вклучува теоретска и практична настава, посета на неколку фарми за производство на овчко и козјо сирење во регионот на Епир и посета на ресторани за да практично се демонстрира употребата на сирењето во кулинарството. Во обуката се вклучени 15 ученици и 9 наставници
– 5 ученици и 3 наставници од СОЗШУ „Ѓорче Петров“
– 5 ученици и 3 наставници од СОУ „Браќа Миладиновци“
– 5 ученици и 3 наставници од Средното земјоделско училиште од Крижевци.
– 3 обучувачи од Ветеринарната станица „Здравје“.
Во рамките на проектот ќе се изготват и прирачници за сите гореспоменатите теми.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 125.068 евра, истиот ќе го менаџира СОЗШУ „Ѓорче Петров“ а средствата ќебидат подеднакво распределени помеѓу сите партнерски организации СОЗШУ „Ѓорче Петров“,СОУ „Браќа Миладиновци“,Средното земјоделско училиште од Крижевци, Гастрономскиот клуб на Епир, Ветеринарната станица „Здравје“вклучени во проектот.
Проектот има за цел да поттикне интерес кај учениците за производство на сирење од мал обем преку обезбедување обуки и активности за развој на производи.