Според последните денешни езлези на прогностичките модели и информации со кои располагам, во првата декада од месец Ноември на Балканот го очекуваат дури два рани зимски удари. Првиот околу 3,4 Ноември, а вториот околу 7, 8 Ноември.
Овие многу ладни продори од северот и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканскиот Полуостров би условиле да дојде и до првото провејување на снег во градовите ширум Балканот.
Се на се, оваа година зимата може да ја почувствуваме и многу порано за разлика од изминатите години.
Состојбата околу ова постојано ја следам и објавувам најнови информации околу овој можен зимски удар, и во следниот период, како ќе доаѓаат новите ажурирања на прогностичките модели јас ќе продолжам да ве информирам со најновите детали околу ова можно зимско сценарио нво првата декада од Ноември.