Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп почнуваат чествувањата за 23 години од Карпалак

20240807081643 Big 730x400 60.webp.webp
Dik 300x250 mk

Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти  кај месноста Карпалак на патот Скопје -Тетово. На 8 август 2001година конвојот на АРМ беше запрен во заседа и загинаа 10-те припадници на резервниот состав: Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5- ударна бригада- прилепска каде се фотографиите и спомените за 10-те загинати резервисти.

Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба.

Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.

Можете да прочитате

Приедени возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС