Утрински Весник
Македонија

Во прекин железничкиот сообраќај – машинскиот извршен персонал во бојкот

Zheleznichka stanicza.webp.webp

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија.

Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Очекуваат менаџерскиот тим да ги повика на средба и да разговараат за барања.

– Имаме вкупно 15 барања кои на 2 октомври ги доставивме до менаџерскиот тим. Ни беше одговорено два месеца подоцна односно на 28 ноември, во петокот добивме одговор со образложение дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска состојба и нема доволно средства за нашите барања – вели во изјава за МИА претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски.

Дел од барањата се исплата на перкувремените часови, а за оние кои направиле над 150 прекувремени часови да им биде исплатена бонус плата, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемени животни трошоци, исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа…

Димковски посочува дека дел од барањата се однесуваат на сите вработени, а дел на машиновозачите. Станува збор за вкупно 603 вработени. Од нив 46 се активни машиновозачи и околу 30 помошници.

Можете да прочитате

Бранко Аџигогов повеќе не е генерален директор на Фондот за здравство

Сиљановска-Давкова: Потребна е реална заштита на жените од насилство

Џејла Рамовиќ се огласи по инцидентот: Настапот беше прекинат по вина на организаторот, Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам!