Утрински Весник
Македонија

Во прекин ископот на јаглен во Суводол поради обилните врнежи

Dik 300x250 mk

Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот.

dobivaj vesti na viber

„ Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција.

Потенцираме дека багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС Суводол на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, на депонијата за јаглен во РЕК Битола има сосема доволни количини на јаглен за непречено производсто на струја.

Со оглед на тоа што Република Северна Македонија се наоѓа во енергетска криза, сосема е очекувано вниманието на целата македонска јавност да биде свртено кон производствените капацитети на АД ЕСМ заради што и во иднина ќе известуваме тековно за сите состојби.

Можете да прочитате

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел

Единаесет месеци казна затвор за 43 годишниот родител, кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“