Утрински Весник
Свет

Во пожар во финансискиот центар на Хонг Конг пет лица загинаа, а неколку се повредени

2637525.jpg

Во пожарот што утринава избувна во финансискиот центар на Хонг Конг, Коулун, загинаа пет лица, а повеќе од десет се повредени, соопштија локалните власти. Надлежните додаваат дека најмалку шест лица кои се пренесени во болница се во тешка состојба, додека еден пациент е во критична состојба.

Телевизијата РТХК јави дека луѓето заробени во зградата, мавтајќи со крпи низ прозорецот, испратиле повик за спасување, додавајќи дека пожарот избувнал во салата на станбениот комплекс.

Неколку околни патишта мораа да бидат затворени поради пожарот, кој предизвика застој во сообраќајот во утринскиот шпиц.

Пожарот, оценет како три според системот со пет точки на градот, бил изгаснат во 8:54 часот по локално време, еден час откако пожарникарите биле повикани на местото на настанот.

Пожарникарите денеска во Хонг Конг работеа 15 часа за да изгаснат уште еден, голем пожар што избувна на локација во северните Нови територии, но во кој нема жртви, соопшти локалната противпожарна служба.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата