Утрински Весник
Македонија

Во понеделник и вторник доаѓа нов постуден бран

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со плиток циклонски систем со центар над Џенова, во понеделник попладне  и навечер како и во вторник (4 ноември) во најголем дел од нашата Република Македонија ќе има врнежи од дожд и локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.


Со овој нов бран на врнежи, повремени врнежи од дожд со умерен интензитет ќе имаме  и во Скопје  и околината.

Поради продор на поладен воздух од северозапад кој преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа во вторник (4 ноември) ќе дува умерен а особено во Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Повремено засилен ветер од северен правец во вторник ќе дува  и во Скопје  и околината.

На највисоките планински врвови над 2000 метри надморска височина ќе има услови и за провејување на снег.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање  и во почетокот на следната седмица максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Можете да прочитате

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

Апел од ААВМУ: Медиумите да го почитуваат изборниот молк