Утрински Весник
Македонија

Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка

Narodna Banka.jpg

Премиерот Мицкоски не го открива својот кандидат на гувернер на Народната банка. Но поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ќе добие кандидатот чиј приоритет ќе биде бранењето на фиксниот крус на денарот.

– Не е битно кој е мој фаворит. Она коешто можам да го кажам како претседател на Владата е дека сите кандидати коишто се разгледуваат се вонсериски, искусни и кандидати коишто ќе ја одржат макроекономската стабилност на Македонија, рече Мицкоски.


Мицкоски е уверен дека ќе се испочитуваат роковите и веќе на 20-ти мај ќе биде познато кој ќе раководи со Народната Банка. До крајот на неделава, според најавите од премиерот, ќе има договор, а името на новиот гувернер ќе биде познато в понеделник.

– Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот на оваа тема. Тие разговори очекувам да ги продолжиме. До крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам, до понеделник да биде информирано Собранието. На 20-ти има седница, разговарав и со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20-ти. Така што, рокот ќе биде испочитуван, вели Мицкоски.

Мандатот на Ангеловска Бежоска завршува на 21 мај. Во игра за нов гувернер се поранешните министри за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славевски, но во игра е и Ангеловска-Бежоска да добие уште еден мандат.

Сите тројца имаат богата економска биографија. Ставревски кариерата ја почнал токму во Народната Банка, а има искуство и во Светска Банка, но и како министер за финансии и вицегувернер за економски прашања.

Трајко Славевски е професор на Економскиот факултет, освен ангажманите во Советот на Град Скопје и министер за финансии, бил и советник, а потоа и министер за развој. Ангелоска Бежоска, пак, кариерата ја почнала во Министерството за финансии каде поминала осум години на неколку високи позиции. Од 2004. до денес е во Народната Банка, но поминала и две години во ММФ во Вашигнтон.

Мандатот на гувернерот трае 7 години и има право на уште еден реизбор. Доколу не се избере нов гувернер во Собранието, за што требаат 61 глас, функцијата продолжува да ја врши актуелниот, се додека не се назначи негов наследник.

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

Семејството на Фросина бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката