Утрински Весник
Скопје

Во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“

20240530175536 Big 730x400 47.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во организација на Општина Центар денеска во Паркот на Франкофонијата во периодот од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“.

-Паркот на Франкофонијата ќе биде точка каде ќе се спојат домашните македонски производители и угостители кои подготвуваат автентична домашна храна и пијалаци,  еко производи, но и традиционални специјалитети од Австрија, Германија, Франција, Турција, Италија и други европски држави, информираат од Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да го посетат настанот и да уживаат во домашните и европски специјалитети.

-Учесниците на настанот на креативно изложбени штандови ќе ги промовираат своите производи и специјалитети, а меѓу учесниците кои ќе се претстават се: Мелем од вкусови, Туф.мк, Моја бавча, Натурал 2020, Смидџин, Сакам пиво, Фајн Крафт ракија ‘ Вк, Нутрико, Натс, како и многу други изложувачи што ќе презентираат македонска и европска храна. На учесниците ќе им се придружи и Активот на жени од здружението на пензионери на Општина Центар, кои освен што ќе ги презентираат  специјалитетите од нашето поднебје, тие и на лице место со своите вешти раце на помладите генерации ќе им прикажат како се меси, плете и везе. Верувам дека оваа дружба ќе биде интересна за секој посетител, вели Герасимовски.

Центарци и сите љубители на добрата музика и храна ќе уживаат во специјално подготвена музичка програма во изведба на музичко дуо-слободни уметници, како и на  хорот „Елегија“ при Здружението на пензионери на Центар со популарни македонски, англиски, француски и италијански безвременски мелодии, што имаат трајни вредности во македонската и светска музичка култура. На овој настан своја изведба ќе имаат и членовите на ансламблот  „Орце Николов“ кои ќе се претстават со традиционалните македонски песни и игри.

Општина Центар ги поддржува малите екопроизводители кои ги промовираат своите производи и специјалитети, а целта на настанот е да поттикне дружење и забава во правец на негување на македонската гастрономска традиција, но и афирмирање на европската гастрономска култура. 

Можете да прочитате

МИТИНГ И ВО ШУТО ОРИЗАРИ: 200 луѓе скандираат и агитираат (ВИДЕО)

Нови избори, стари финти: Исклучени лифтови во Аеродром, се оневозможува пристап до избирачко место

Денеска посебен сообраќаен режим поради Задушница