Утрински Весник
Свет

Во општина Звечан уапсени пет лица, повредени неколку припадници на КФОР, соопшти косовската полиција

Во општина Звечан уапсени пет лица, повредени неколку припадници на КФОР, соопшти косовската полиција
Dik 300x250 mk

Косовската полиција соопшти дека денеска во општина Звечан се повредени неколку службеници на КФОР, поради што досега се уапсени петмина од демонстрантите.

dobivaj vesti na viber

„Демонстрантите во Звечан не ги испочитуваа официјалните наредби да си заминат, туку се спротивставија и почнаа да фрлаат разни алатки, се слушаа молотови коктели, гранати, експлозивни направи, а се слушаа и истрели. Како резултат на невоздржаното насилство, неколку офицери на КФОР досега се повредени и уапсени се петмина осомничени кои извршиле напади и насилство врз нив“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.

Се додава дека е запалено службено полициско возило, а оштетени се и други возила.

„Во Звечан демонстрантите предизвикаа нереди и континуирано ја провоцираа ситуацијата, покажуваа насилство, фрлаа разни предмети кон полицајците, напишаа провокативни натписи со српски и руски симболи на возилата на полицијата и на КФОР, а нанесоа оштетувања на гуми и други делови од возилата“, се наведува во соопштението.

Косовската полиција додаде дека се оштетени неколку возила на новинарските екипи, а полицијата ги заштитила претставниците на медиумите, засолнувајќи ги на безбедно место.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан