Утрински Весник
Свет

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност

20260106121444 big 730x400 72.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во барот „Констелејшн“, во швајцарското зимувалиште Кранс Монтана, каде во пожар во новогодишната ноќ загинаа 40 лица, од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност, изјави денеска градоначалникот на ова познато зимувалиште во швајцарските Алпи, Николас Феро, цитиран од британските медиуми.

„Длабоко жалиме. Немавме поим дека не се извршени инспекции“, им рече Феро на претставниците на медиумите за недостатокот на инспекции во периодот 2020-2025 година.

Градоначалникот додаде дека пената за звучна изолација што се користи за таванот во барот „Констелејшн“ некогаш била оценета како безбедна.

Истражителите рекоа дека пожарот, кој брзо се проширил во раните утрински часови на 1 јануари, најверојатно бил започнат од запалени свеќички на шишиња што потоа го запалиле таванот на подземниот дел од барот.

Ваквите свеќички сега се забранети во сите објекти во Кран-Монтана, соопшти градоначалникот Феро.

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции