Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Во октомври ќе започне катарската ера во Манчестер јунајтед

Во октомври ќе започне катарската ера во Манчестер јунајтед
Img 7972

Шеикот Јасем Бин Хамад Ал Тани до средината на октомври треба официјално да го преземе Манчестер јунајтед од американското семејство Глејзер, пренесува британски „Сан“.

dobivaj vesti na viber

Извор близок до преговорите потсети дека шеикот Ал Тани пред неколку месеци понудил шест милијарди фунти за Манчестер јунајтед.

Тој имаше конкуренција во британскиот милијардер Џим Ретклиф, кој беше подготвен да му дозволи на семејството Глејзер да задржи малцински удел во англискиот клуб.

Истиот извор истакна дека официјалното соопштение за продажба на Манчестер јунајтед се очекува на почетокот на септември, откако правниот тим на Ал Тани ќе ја комплетира комплетната документација.

„Сан“ потсетува дека Ал Тани понудил шест милијарди фунти за купување на 100 отсто од акциите на клубот, отплата на целиот долг на Манчестер јунајтед и посебен фонд за клубот и локалната заедница.

Семејството Глејзер во ноември минатата година објави дека размислува да го продаде Манчестер јунајтед. Во 2005 година го купија клубот од „Олд Трафорд“ за 790 милиони фунти.

Британските медиуми наведуваат дека навивачите на „црвените ѓаволи“ очекуваат големи промени, бидејќи се надеваат дека Манчестер јунајтед ќе се врати во самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица