Утрински Весник
Македонија

Во Охрид состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите

Svinji.webp.webp

Во Охрид денеска попладне ќе почне 23. Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, на кој ќе се обрати и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов.

На дводневниот состанок, како што информираат од АХВ, ќе учествуваат високи претставници на Европската комисија (ЕК), Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), реномирани експерти за болеста африканска чума кај свињите и претставници од ветеринарните служби од Русија, Украина, Молдавија, Естонија, Полска, Латвија Литванија, Германија, Шведска, Чешка, Словачка, Унгарија,Романија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Италија.

Можете да прочитате

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите