Утрински Весник
Скопје

Во Обвинителството нема пријава за злоупотреби во Комунална хигиена

Komunalna Higiena.png

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа го повика Обвинителството да испита можни финансиски злоупотреби во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Од Обвинителството велат дека до нив досега не е пристигната пријава или известување.

– Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите… До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување, велат од Обвинителството.

Ѓорѓиевски вчера информираше дека има докази оти се правени финаниски малверзации во Комунална хигиена.
– До мене стигна информација поткрепена со документи и ги повикувам надлежните институции да постапат, а тоа е дека биле ангажирани возила за чистење во Комунална хигиена и истите возила се плаќани на име на физички лица кои земале интелектуални услуги од пет до десет илјади евра, рече вчера Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Се поставуваат контролни ознаки со невалидни датуми – Сериозни сомнежи за одржување на противпожарниот систем во „Џевахир Скај Сити”

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестен марш