Утрински Весник
Свет

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток

20260314095129 big 730x400 23.webp.webp

Полицијата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека уапсила 45 лица кои дистрибуирале лажни информации и видеа за конфликтот на Блиски Исток.

Помеѓу уапсени има и странски државјани. Уапсените се товарат за „снимање на разни локации за време на тековните настани и нивно објавување на социјалните мрежи“.


Тие се осомничени и за „ширење неточни информации што би можеле да влијаат на јавното мислење и да шират гласини, се наведува во полициското соопштение.

Можете да прочитате

Израел планира голема копнена инвазија врз Либан

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам

Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници