Утрински Весник
Македонија

Војници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија

Војници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија

Сто припадници на македонската армија пред неколку дена пристигнаа во Словенија за да помогнат во справувањето во големите поплави кои ја зафатија оваа држава. Тие учествуваа во изградбата на привремен мост во Межицe, Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Стручноста и посветеноста на нашите армиски инженерци се покажа на дело при учеството во експресното поставување на нова конструкција на мост во Межице. Неколкумината припадници од инженерискиот баталјон кои се дел од нашиот состав кој се наоѓа во Словенија, воедно управуваат со доделената механизација во сите предвидени активности во справување со последиците од катастрофалните поплави“, објавија од АРМ.

Министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец на отворањето на мостот во Межица денес истакна дека Словенечката армија набрзо по поплавите почнала да го гради овој привремен мост, а во изградбата на мостот учествувале претставници на Македонската армија.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика