
Седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад во Хамбург кога 39-годшина Германка со нож се нафрлила врз луѓето кои чекале на главната железничка станица, јави ДПА.
Жената напаѓач е уапсена, а при асењето не давала отпор. Полицијата верува дека таа дејствувала сама и не била политички мотивирана.
Од 2023 година ножевите се забранети на главната станица во Хамбург и во јавниот превоз во вториот најнаселен град во Германија.
Ова е последен од серијата напади на јавни места во Германија што се случија годинава, особено во пресрет на парламентарните избори во февруари.