Утрински Весник
Македонија

Во мусаката и на чешмите во „Димо Хаџи Димов“ пронајдени бактерии потврди ИЈЗ

Marija Andonovska 1.jpg

Во узорираниот примерок од мусаката која била сервирана во прва смена во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се пронајдени грам негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Станува збор за фекални бактерии кои, како што дополнително било утврдено, се идентификувани и на три чешми во училиштето.

Од ИЈЗ посочуваат дека непосредно по прес-конференцијата добиле нови резултати од анализите на земените примероци од храната, со кои се потврдува присуството на истите бактерии и во мусаката.

„Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа сè уште пристигнуваат“, велат од Институтот.

Институтот денеска одржа прес-конференција на која ги презентираше сите досега добиени резултати и преземени мерки од надлежните институции – Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје – Скопје и Детската клиника, кои се во постојана координација.

Инцидентот се случи на 26 ноември, кога голем број ученици пријавија стомачни тегоби. Од училиштето се земени мостри од храна, вода, брисеви од површини и примероци од вработени. Дополнителни резултати се очекуваат во текот на денот.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка