Утрински Весник
Македонија

Во многу тешка состојба е пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Гинекологија

Во многу тешка состојба е пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Гинекологија

Во многу критична состојба на КАРИЛ е пациентката која скокна низ прозорец на Гинекологија, изјави  директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

dobivaj vesti na viber

Таа кажа дека станува збор за 39-годишна жена која се породила за првпат.

Прашана дали има некаква можност прозорците на Гинекологија да бидат затворени, Јовановска рече дека кај една од 10 породени пациенти по породувањето се случува психолошко пореметување, но сепак родилките не се затвореници за да ги чуваат изолирани и тоа би можело да вознемири многу пациентки.

Предлага психијатар кој ќе ги посетува родилките еднаш во неделата и ќе разговара со маките за да ја увиди нивната состојба. Впрочем, како што рече Јовановска, на сите нам ни треба психијатар, а не само на родилките.

Пациентката на Клиниката била донесена во 36. недела од бременоста во средата со крвавење во последниот триместар од бременоста. Пациентката веднаш била прегледана од дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи и било утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба што витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката.

Пациентката била примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21.30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција.

Во петокот, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог. Во понатамошниот постпородилен период пациентката е следена согласно дадените препораки. Следниот ден, пациентката е без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус.

Вчера, пак, на утринска визита пациентката се пожалила на слична симптоматологија како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар. Во понатамошниот тек од вчерашното дежурство продолжени се дневните активности и работни обврски на дежурната екипа, без дополнителни влошување на состојбата на родилката“, наведено е во соопштението.

Ноќта околу 21.30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за Пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат, велат од Гинекологија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин