Утрински Весник
Македонија

Во март ново зголемување на платите во здравството и образованието, најави Мицкоски

Lekar.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори – образованието и здравството.

Тој, во интервју за Вечер.мк, нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.

-Зголемувањето на платите во здравството и во образованието го правиме како резултат на договорите што веќе ги имаме потпишано со синдикатите, односно со репрезентативните синдикати, и тоа се договори за период од четири години, конкретно во образованието за 2025, 2026 и 2027, во зависност од капацитетот на буџетот, усогласувањето, односно зголемувањето ќе биде меѓу 7,5% и 10%, а во 2028 меѓу 10% и 12,5%, што е четиригодишен договор потпишан со репрезентативните синдикати”, рече Мицкоски.

Тој потсети дека во текот на оваа година зголемување на платите добија и припадниците на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, што е, како што потенциа, јасен показател за системски пристап кон унапредување на платите во јавниот сектор.

-Слична формула имаме и со репрезентативните синдикати во здравството; ќе потсетам дека оваа година и припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите, како и припадниците во Министерството за одбрана, односно во армијата, и така натаму, така што апсолутно се грижиме за стандардот на граѓаните и на вработените во рамките на нашите можности и така ќе продолжиме и во иднина, а го фасилитираме и социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

Божикно послание на г.г. Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено

Пензионираниот воен пилот Роберт Малезански ја прекина воената пензија и се вработи во ДЗС

Вработен нападнат со стаклен предмет на наплатна рампа „Петровец“, сторителот ја скршил рампата и избегал