Утрински Весник
Македонија

Во Македонската амбасада во Брисел отворена книга на жалост за трагедијата во Кочани  

20250318092318 Big 730x400 64.webp.webp

Во Амбасадата на Република Северна Македонија во Белгија до петок ќе биде отворена книга на жалост за жртвите во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата. 

– Во врска со трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија голем број, пред се, млади лица, известуваме дека во Амбасадата е отворена книга на жалост во која можете да изразите сочувство и да оставите своја порака, информира македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Тошевски. 


Заинтересираните граѓани ќе можат да изразат сочувство во книгата секој ден од 10 до 12 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна