Утрински Весник
Македонија

Во Македонија се вози брзо – полицијата за еден ден казни над 200 возачи

Жените поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди со фатални последици

Полицијата изрече 223 санкции низ државата за еден ден поради брзо возење.

dobivaj vesti na viber

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место, објави МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

СДСМ:Техничката влада мора да остане, во моментов нема услови за укинување

„Стоп за Усје“ повторно на блокада

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца