Утрински Весник
Македонија

Во Македонија од продажба се повлекува чоколаден путер од кикиритки поради недеклариран алерген

Во Македонија од продажба се повлекува чоколаден путер од кикиритки поради недеклариран алерген

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ – путер од кикиритки Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за производ со сериски број/лот: LO107, со рок на употреба 1.7.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјата се увезени 30 прачиња.

„При контролата утврдено е дека операторот ‘Зегин’ ДОО ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно преостанатите 6 затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин. Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени“, вели директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Крајните потрошувачи што го имаат купено горенаведениот производ со посочениот сериски број/лот да нe гo јадат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР