Утрински Весник
Македонија

Во Македонија од 61 лиценцирана фирма, на 14 им е одземена дозволата за производство на канабис

Img 7860.jpeg

Вкупно 61 компанија добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели откако оваа можност беше овозможена со законските измени во 2017 година, пишува „Фокус“, откако дел од овие фирми повторно се најдоа во центарот на јавноста по откривањето на пет тони марихуана со потекло од Македонија во село кај српскиот град Крушевац.

Од Владата за порталот посочиле дека во периодот од стапувањето во сила на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен на 27 декември 2017 година, па сè до 3 февруари 2026 година, биле донесени одлуки за издавање одобрение за одгледување канабис за медицински цели на вкупно 61 правно лице.

Според официјалните податоци, во моментов 43 правни лица активно одгледуваат канабис за медицински цели, додека на 14 компании им е одземена лиценцата поради неисполнување на законските услови.

„Владата за 14 правни лица донела одлуки за одземање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели поради неисполнување на законските услови. Во тек е и постапка за одземање на одобренијата за уште четири правни лица“, информираат од Владата за „Фокус“.

Во меѓувреме, големата полициска акција во Србија поврзана со рекордната заплена на марихуана доведе до апсење на повеќе лица, меѓу кои и Иван Драгниќ, косопственик на компанијата за производство на марихуана „Алфафарм“, регистрирана во Скопје. Македонската полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера и денеска вршат претреси на локации во Скопје и во Струмичко, кои неофицијално се поврзуваат со оваа компанија.

Можете да прочитате

МВР и ОЈО на терен, истрага по рекордната заплена на марихуана

Димитриевски: Јас од плата не живеам, немам проблем со намалување на функционерските примања

Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука