Утрински Весник
Македонија

Во Македонија имаме температурна инверзија, што значи тоа?!

Meteoalarm.mk 6.png

Метео аналиа на Славчо Попоски:

Во Македонија и тоа како ја чувствуваме температурната инверзија, но што значи токму ова? Температурна инверзија е кога котлините  и низините се поладни од високите  и од планинските места каде е значително потопло. Инаку Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и токму ова условува да имаме стабилно и суво време со значително повисоки температури на високите населени и планинските места.

По котлините како што кажав е значително поладно и има појава на слаба магла а во текот на ноќта повторно во котлините ќе има зголемена ниска облачност и појава на магла која повремено ќе биде  и густа.

Ваквата временска состојба ќе продолжи најмалку до 20 декември. По котлините ќе биде поладно од колку на високите населени места  и на планините а ќе има  и појава на ниска облачност  и магла која повремено ќе биде густа особено во утринските  и во ноќните часови.

Можете да прочитате

Насилен упад во „Инфомакс“ нападнати во живо за време на емисија

Томовски најави нов авион, нов саем и жичница до Водно

Зимзоленд работи без дозвола, институциите си ја префрлаат топката!