Утрински Весник
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: На планините и скијачките центри е потопло, по котлините многу поладно и магливо!

Meteoalarm.mk 26 1.jpg

Во Македонија денешното празнично утро беше исклучително студено, во повеќе котлини, особено оние кои се наоѓаат во централните делови од Македонија, како и во Повардарието има појава на магла  и на ниска облачност.  Најниска температура утринава до 7 часот е измерена во Берово, и тоа -13 степени, а во исто време највисока минимална температура е измерена на Попова Шапка и тоа 1 степен над нулата.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.


Инаку снежната покривка на Скијачките центри, и тоа на Попова Шапка изнесува 52 сантиметри, и 45 сантиметри во Маврово.

Инаку денес во Македонија имаме температурна инверзија, што значи дека по котлините имаме пониски температури за разлика од планинските места и Скијачките центри.

На вторава табела можете да ги погледнете температурите измерени попладнево во 13 часот, па највисока температура во тоа време е измерена во Крушево, и тоа 11 степени, а најниска во Битола, -5 степени.

Можете да прочитате

Данела до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот