Утрински Весник
Македонија

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање

Dete majka.webp.webp

Растењето е сложен процес кој е показател на целокупната здравствена состојба на детето, претставува зголемување на димензиите на телото, во висина, тежина и зголемување на другите делови од телото кои можат да се измерат. Во тек на растењето се зголемува бројот и големината на клетките во организмот.

Единаесетгодишната Дина Ибиши е сведок за тоа дека редовната терапија е причина плус за насмевка и радост. Таа која со својата мајка денеска беше на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата, организиран од Здружението „РАСТ“ под мотото „Зборувај гласно“, посочија дека во минатото Дина немала терапија, но подоцна ја добила и оттогаш нејзината терапија е редовна. Нејзината мајка Азра, посочи дека важни се редовните прегледи кои водат кон одредување на терапијата на пациентот.


Азра Ибиши-мајка на Дина Ибиши

„Малку доцнеше терапијата, чекавме неколку месеци. Со притисок, со помош од Здружението и благодарност до докторката Александра Јанчевска успеавме да добиеме терапија, сега терапијата е редовна.“

Кај нас, обезбеден е хормонот за раст за сите 174 пациенти на Детската клиника и обезбеден е буџет од 75 милиони денари, додека пак, сумата за индивидуалната терапијата зависи од конкретната состојба на пациентот и истата е различна за секого. Претседателот на здружението „РАСТ“, Александар Петровски упати совети до родителите.

Александар Петровски-претседател на Здружение РАСТ и ICOSEP

„Контролирајте ја висината на децата барем двапати годишно. Контролата на висината, не значи детето да биде само измерено и да добие нумерички број. Барајте од матичните педијатри и семејните лекари, добиените сантиметри да ги внесе во табелата со кривата за раст која покажува каде е висината на вашето дете, во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст.“

Здравствените власти децидни, мора да има хормон за раст за сите деца-нема листи за чекање за овие третмани.

Јовица Андовски-зам.министер за здравство

„Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Детската клиника и веќе нема листа на чекање. Станува збор за вкупно 174 дечиња за кои навреме е обезбеден овој хормон и на Клиниката нема листа за чекање како што беше во изминатиот период.“

Сашо Клековски-директор на ФЗО

„Фондот за здравствено осигурување целосно посветен да не само оваа година, туку сите следни години нема листа на чекање за третман со хормон за раст. Сметаме дека ова е најмалку што можеме да го направиме за овие деца и семејства.“

Од Детската клиника потенцираа дека потребно е воведување посебна супспецијализација по педијатриска ендокринологија и гентика.

проф. д-р Соња Бојаџиева-Детска клиника

„Поттик и мотив, предизвик за сите професори, цела катедра и Медицински факултет да направиме посебна супспецијализација по педијатриска ендокринологија и генетика. Тоа досега го немало, се надевам дека тоа ќе ни биде новиот предизвик.“

Хормонот за раст е важен за нормалниот раст и развој и ја одредува како градбата на телото така и неговото функционирање. Хормонот е природен протеин кој создава многу мала жлезда наречена хипофиза, а хипофизата се наоѓа во мозокот.

Истиот влијае на метаболизмот на коските и е важен за детето за да има здрави, јаки и силни коски. Влијае на растот и одржувањето на органите, делува во метаболните процеси, влијае позитивно на балансот помеѓу мускулите и масното ткиво, влијае позитивно и на целокупната здравствена состојба и нивото на енергија. Не секое дете кое е пониско од своите врсници значи дека има нарушување на растот, но сепак доколку се сомневате потребен е разговор со матичниот лекар, како и редовни мерења и детални прегледи.

Извор: Телевизија 24

Можете да прочитате

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево