Утрински Весник
Македонија

Во мај бугарските медиуми објавија за потеклото на Сиљановска од бугарски генерали, тоа ли е причина за скандалот со знамето?

Faktorbg.jpg

Откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова стапи на должноста, бугарскиот портал „факти.бг“ објави дека од семејството на претседателката доаѓаат неколку бугарски генерали кои се бореле за национално обединување со Бугарија.

Како што напиша порталот во мај, семејството Сиљановски од едната страна на границата се опишуваат како Македонци, додека од другата како Бугарија. Од една страна се споменува претседателката која целата нејзина кампања за изборите ја фокусираше околу одбивањето да се вклучат Бугарите во Уставот, а од другата страна го споменуваат Васил Сиљановски, адвокат и професор по право на Универзитетот во Софија, кои своите корени исто така ги лоцирал во Крушево, од каде што потекнува семејството на претседателката.

Како што пишува „факти.бг“, семејството Сиљановски се иселило од Крушево додека било под турско ропство и низ години дало бројни генерали и офицери во бугарската армија, кои испишале златни страинци во историјата и во борбите за национална унификација.

Врската помеѓу Сиљановска-Давкова и Бугарија е актуелна и деновиве. Откако претседателката беше во Софија, на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев, двајцата лидери позираа пред две бугарски знамиња. На средбата помеѓу шефовите на држави го немаше државното знаме на Северна Македонија, што е скандал и за што реагираше македонската јавност.

Од кабинетот на Сиљановска-Давкова, како оправдување зошто немало државно знаме, рекоа дека на средбата не било планирано фотографирање, иако фотографиите од средбата на претседателите пред двете бугарски знамиња беа објавени на официјалната страница на претседателката.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер