Утрински Весник
Македонија

Во М-Нав со години стои купен и неискористен софтвер, поради тоа ограничени се летовите низ македонското небо

Mnav.png

Македонски навигации деновивие повторно е во фокусот на јавноста поради неодамнешниот оглас за вработувања, преку кои се вработија лица блиски фо владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, најавен па откажан беше штрајкот во М-Нав откако Синдикатот и Влада постигнаа договор, но првиот синдикалец на Македонската навигација најави дека последниот конкурс за вработување ќе биде оспорен.


Сепак, во М-Нав има едно прашање кое со години останува нерешено и кое е причина за намалени перформанси на претпријатието.

Имено уште во 2013 година М-Нав потпиша договор за набавка и инсталација на современ систем за контрола на летање, АТМ систем, што ќе овозможи одржување на безбедноста на највисоко ниво и усогласеност со најновите технолошки стандарди.

Вредноста на системот е над 16 милиони евра (од кои 11.150.000 евра биле обезбедени преку кредит од ЕБОР, а 5 милиони од М-НАВ).

Но според информациите од вработени во М-Нав, тој систем сè уште не е функционален.

Тоа влијае негативно на перформансите на македонската навигација, односно го ограничува бројот на прелети во еден час на македонското небо.

Моментално, М-НАВ опслужува просечно 61 прелет во летен период во еден час, со капацитет до 85, а највисокиот забележан дневен сообраќај ова лето е над 1.050 прелети во 24 часа.

За споредба, прелетите над соседните Албанија и Бугарија изнесуваат над 1.200 односно над 3.400 во 24 часа.

Поголем број на прелети значи и помалку средства за Македонија, затоа што секој авион кој прелетува над Македонија мора да плати помеѓу 80 и 100 евра (во зависност од типот на авион).

Поради ограничениот капацитет за менаџирање летови, доста летови наместо преку Македонија се одвиваат преку Бугарија и Албанија.

Тоа значи дека дневно државата губи десетивци илјади евра само затоа што се уште не е инсталиран АТМ системот кој ќе обезбеди значително поголем број на прелети во едно деноноќие.

24инфо.мк побара став од М-Нав за овие тврдења, како и прашање дали системот е функционален, но до овој момент одговор не добивме.

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата