Утрински Весник
Свет

Во Литванија почнува запленувањето на возилата со руски регистарски таблички

Ova 1.jpg

Литванија ќе одземе возила со руски регистарски таблички доколку до 11 март не ја напуштат територијата на земјата, соопшти Царинската управа на Литванија.

Според извештаите, на територијата на Литванија се уште има луѓе кои возат автомобили регистрирани во Русија.

„Тие се обврзани или да ги регистрираат тие автомобили во Литванија до 11 март или да ја напуштат територијата на Европската унија. Оваа мерка нема да важи за сите оние кои транзитираат низ територијата на Литванија на пат кон руската област Калининград.

Возачите ќе имаат 24 часа да ја поминат територијата на Литванија, под услов сопственикот на возилото да биде во автомобилот.

Да потсетиме, Европската Унија им забрани на граѓаните на Руската Федерација да влегуваат на територијата на ЕУ со своите возила, дури и ако се работи за туристичко патување.

Можете да прочитате

Зеленски кажа дека Украина ќе го почитува велигденскиот прекин на огнот и повика тој да трае 30 дена

Огромни бранови во Австралија, пет лица се удавија, двајца исчезнати

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација