Утрински Весник
Македонија

Во Крушево почна одбележувањето на 2 Август

Img 7823 411467.jpeg
Dik 300x250 mk

Со почит, поклон, венци и свежи цвеќиња на вечното почивалиште на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во споменикот „Македониум“ во Крушево почнаа чествувањата на празникот за 121 година од Илинденското востание и првата република на Балканот, Крушевската Република.

Пред гробот на Карев се поклонија претставници на семејството Кареви, делегација на Владата која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, делегации од Кабинетот на претседателката на државата, од Собранието, од АРМ, од градот Крушево и манифестацијата „10 дене Крушевска Република“, претставници на политички партии, од амбасадите на Народна Република Кина, Хрватска, од Италија и бројни здруженија.

Делегациите почит им оддадоа и се поклонија пред споменикот на загинатите востаници кај месноста Слива.

Во познатата црква „Свети Никола“ во центарот на Крушево се одржува панихида за загинатите востаници, борци и дејци со која чиноначалствува владиката Јован Вранишковски.

Централното чествување на празникот е од 11 часот и 30 минути на Мечкин Камен каде ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената