Утрински Весник
Македонија

Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување

20240325114201 Big 730x400 43.webp.webp

Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно претпријатие „Водовод“, во Кочани почнува реализација на заедничкиот проект „Со граѓаните за граѓаните“ за селектирање и собирање на отпадот од пакување, односно на отпадна амбалажа од пластика и хартија. 

На почетокот од проектот ќе има тримесечен пилот период во кој на домаќинствата на две поголеми улици во градот ќе им бидат поделени садови за селекција. Исто така, на неколку локации на јавни површини, во дворовите на училиштата и во јавните институции ќе бидат поставени посебни контејнери и садови за депонирање на пластична и хартиена амбалажа.


-Согледувајќи ги проблемите што во изминатиот период произлегоа со загадувањето од комуналната депонија во Кочани, почнуваме проект чија цел е да ги вклучиме граѓаните во селектирањето на отпадот од пакување, за да се избегне неговото палење и чадење, со што ќе придонесеме за почист воздух за сите. Се работи за наша иницијатива, заедно со Општината и комуналното претпријатие, а со поддршка од Министерството за животна средина, со која ќе поделиме садови за селектирање, но ќе работиме и на подигање на свеста на граѓаните за важноста од селекција на отпадот. Со тоа „Водовод“ ќе заштеди средства, енергија и возила, односно ќе го собира само комуналниот отпад, а ние со нашите специјализрани возила ќе ги празниме садовите во кои ќе се оставаат пластика и хартија, истакна Билјана Митева од компанијата „Еко Проект Ко“ – Кочани.

Во рамки на проектот ќе се спроведе јавна кампања преку медиумите и со непосреден контакт со граѓаните кои ќе добијат пропаганден материјал за начинот на селектирање на отпадната пластична и хартиена амбалажа. 

По завршувањето на пилот периодот ќе се направи анализа на количините отпад од пакување што ќе се собираат на месечно ниво, за да се добијат точни податоци за успешноста на проектот и правците во кои понатаму ќе треба да се насочат активностите. 

Можете да прочитате

Работници од 40 компании досега пријавиле неправилности во исплатата на К-15

Пукале кон македонски полицајци, па побегнале кон Албанија

Давкова прими новинарска делегација од Турција