Утрински Весник
Македонија

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

20250523205846 big 730x400 55.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денес попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.

Маршот ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.


Семејствата на настраданите бараат неселективна правда и ги повикуваат граѓаните да им се придружат. 

Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.

Во четвртокот, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека за десетина дена треба да заврши истрагата и дека се испрашани над 300 лица. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни. Коцевски повтори дека се работи на собирање и на нови докази и посочи дека ако јавните обвинители откријат нови моменти, истрагата ќе биде проширена. 

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март годинава, досега осомничени се 68 физички и три правни лица. Во пожарот загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Меѓу загинатите беа и членови на бендот „ДНК“ кои таа вечер имаа концерт во дискотеката. 

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница