Утрински Весник
Свет

Во израелски напад врз упоришта на Хезболах се урна погодена зграда во јужните предградија на Бејрут

20241115110127 Big 730x400 97.webp.webp

Во јужните предградија на Бејрут, се урна зграда погодена од нови напади на израелската армија.

Од објавените фотографии се гледа дека проектилот удрил во долните катови, по што целата конструкција се урнала. Либанската агенција Ани утринава јави дека станува збор за „втор напад од израелски непријателски авион“.

Нападот бил насочен кон секторот Гобеири, недалеку од најголемиот парк во либанската престолнина.

Утринава израелската армија повторно ги гаѓаше упориштата на проиранскиот Хезболах во предградијата на Бејрут, по апелот за евакуација кој претходно беше испратен до населението.

Бомбардирањето на цели во Либан започна на 23 септември, а израелската армија започна копнена офанзива на југот на земјата на 30 септември. 

Можете да прочитате

Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси

Двегодишно дете падна од 15-ти кат во Вашингтон и преживеа

Шет лица се избодени во напад во Лондон – полицијата го бара сторителот