Утрински Весник
Свет

Во Италија уапсени припадници на криминална група поврзана со мафијата

20250520090037 big 730x400 76.webp.webp

Полицијата во Италија уапси група од 14 криминалци, која наводно е поврзана со мафијашкото семејство Сантапаола-Ерколано, а која дејствувала во сицилијанските градови Ачи Катени и Ачиреале.

Полицијата ги уапси осомничените во провинциите Катанија и Реџо Калабрија, пренесе Анса.


За десетмина од осомничените, вклучувајќи и една жена, одредена е казна затвор, додека за двајца е одреден куќен притвор, а за уште двајца задолжително пријавување на живеалиште.

Осомничените се товарат за вооружено групирање со цел трговија со наркотици, незаконско држење оружје и муниција, тешки повреди и кражба.

Во истрагата било откриено работењето на оперативна група помеѓу градовите Ачи Катени и Ачиреале, поврзана со мафијашкото семејство Сантапаола-Ерколано од Коза ностра во Катанија, која управувала со трговија со кокаин, крек, марихуана и сканк.

Полициската операција сè уште е во тек.

Можете да прочитате

Утре се одржуваат парламентарни избори во Данска

Експерт од ЕК: Во кризи, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за справување додека не пристигне помош од владата

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја