Утрински Весник
Свет

Во Истанбул уапсен шеф на меѓународен наркокартел

20240116101802 medium 358x215 37

Шефот на меѓународен наркокартел Сами Али по кого трагаа германските власти со црвена потерница на Интерпол, е уапсен во Истанбул.

Ова го соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот налог на мрежата „Икс“.

Шверцерот на дрога е фатен во рамките на акцијата „Картел-4“ спроведена заеднички од дирекциите за борба против нарко-криминалот, разузнавањето и нелегалниот сообраќај и граничните пунктови на Генералната дирекција за безбедност на подрачјето на Ускудар, каде се криел.

Според билтенот на Интерпол, тој бил баран од германските власти за нелегална трговија со дрога, трансфер на дрога, организирање магацини за дрога, финансирање на трговија со дрога.

Трговецот со дрога ќе биде предаден на германските власти, додаде турскиот министер за внатрешни работи, кој им се заблагодари на полицајците кои ја спроведоа операцијата.

Можете да прочитате

Холандија, Данска и Шведска ќе учествуваат во купување оружје за Украина

Лавров: Русија сака да ги разбере мотивите зад рокот од 50 дена на Трамп

Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари